СКОПСКО со нова празнична кампања: Ај па догодина…да ни се исполнат сите здравици
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, нашиот најпознат пивски бренд, СКОПСКО, ја започна својата празнична кампања, во чиј фокус е најважното од празниците: времето поминато со луѓето што ни се блиски, убавите моменти што ги создаваме заедно со нив и здравиците и желбите што си ги посакуваме едни на други.
А токму тие здравици и желби, имаат нешто што им е заедничко и што важи за секое семејство, секое маало, секое место, секој град… А тоа е фразата „Ај па догодина…“, која е почеток на најубавите желби и здравици, што им ги посакуваме на нашите најблиски.

Во склоп на кампањата веќе се поставени билборди низ сите поголеми градови со различни пораки, а покрај ова, СКОПСКО планира и низа активности на социјалните медиуми, чија цел е да ги анимира и охрабри следачите да се приклучат на кампањата и да ги испратат своите најубави здравици.
И затоа, АЈ ПА ДОГОДИНА…ДА НИ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ЗДРАВИЦИ!



Јасно ми е, ви платиле да ги рекламирате!!! Но после пандемијата и кризата, ја качија цената на Скопско пиво за 100%!!! А, платите останаа исти! Се сеќавам во 80-90-тите, одев во продавница и купував СП по гајба!! Веќе подолг период не го купувам, чисто за инает! Помина кризата, што не ги намалат цените!? Сеа пијам “Johan Beer”, пиво од Унгарија! Редовна цена му е 39 ден, а неколку месеци со акција е по 33 ден!!!
Коментирај анонимно