Смртоносен зрак: Американскиот воен ласер топи непријателски цели за секунда

Американската војска разви нов ласерски систем кој може да уништи непријателски летала, дронови и проектили со топење. Снимки од воен извештај ја прикажуваат технологијата HELIOS, која е инсталирана на разурнувачот USS Preble и се тестира како оружје од новата генерација.

 

 

HELIOS, создаден од Lockheed Martin за американската морнарица, користи 60 kW високоенергетски ласер што може да ги неутрализира целите со брзина на светлината. Овој систем има двојна функција – како разорно оружје и како оптички заслепувач за нарушување на разузнавачките сензори.

Извештајот на Центарот за контрамерки (CCM) за 2024 година потврдува дека HELIOS успешно демонстрирал способност да уништи беспилотни летала, што е клучен чекор во борбата против новите закани. Директорот за оперативни тестирања, д-р Рејмонд О’Тул, нагласи дека американските воени сили мора да бидат опремени со системи кои можат да се справат со современите безбедносни предизвици.

 

 

Покрај САД, и Велика Британија успешно тестираше ласерски системи, вклучувајќи го DragonFire, кој ефикасно уништува воздушни цели. Со овие иновации, воените сили на Западот прават значителен чекор кон иднината на војувањето.

  • Васе напиша:

    Сеа нека удрат по илјадниците дронови кои се појавуваат секоја ноќ над САД!!!
    П.С. Ако смеат!

    • Nikola33 напиша:

      Васе, брату, нека удрат на нас овде! Нека порамнат све паркинг и после нека ја пошумат земјава. Па нека ја заградат и зоолошка нека ја направат. А тебе нека те постават за главен и одговорен ‘ZOO KEEPER’ 😄

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *