„Снимив филм за возрасни пред 20 години и мојот сопруг не знае за тоа. Сега повторно се појави филмот на интернет и страв ми е дека ќе дознае!“
Една вознемирена сопруга е преплашена дека нејзиниот сопруг ќе ја открие нејзината огромна тајна.
Жената на „Редит“ признала дека пред две децении снимила филм за возрасни кој сега се врти на интернет. Споделувајќи ја својата приказна, таа напиша: „Немав намера да ја снимам сцената, отидов со мојата пријателка за поддршка и кога таа излезе во последен момент, влегов и јас го направив тоа. Зажалив веднаш потоа и зажалив уште повеќе кога го видов на интернет… Го запознав мојот сопруг неколку години откако ја снимив таа сцена и никогаш не му кажав. Се срамев и се молев никогаш да не дознае“.
И покрај тоа што снимката била пред неколку години, таа не може да спречи видеото повторно да се појави на сајтовите за возрасни.
Таа призна: „Сега сум преплашена дека некој ќе го најде. Може да биде некој со кој работи мојот сопруг или пријател на моите ќерки. Јас сум преплашена. Прашањето ми е дали конечно да се исчистам од овој грев и да му кажам на мојот сопруг?“
Жената не е премногу загрижена дека нејзиниот сопруг ќе замине поради тоа, но се плаши дека тој може да се чувствува лошо. Таа откри дека другата п*рн ѕвезда имала прилично „голем пакет“ што сигурно ќе ја повреди машкоста на нејзиниот сопруг.
„Го имав најдобриот секс во мојот живот со мојот сопруг и тоа е вистината. Но, сепак чувствувам дека може да ја изгуби самодовербата ако го види видеото“.
Очекувано, анонимното признание брзо собра мноштво коментари на „Редит“, при што различни корисници ги понудија своите мудрости. Еден маж напиша: „Како сопруг кој шета држејќи ја главата високо со убава сопруга и добар сексуален живот, НЕ би сакал да го знам ова… никогаш!“
Друг корисник рече: „Дваесет години е пред цел живот. Шансите да го најде се мали. Само продолжете со вашиот живот. Нема потреба да го провлекувате минатото“.
Сепак, други не беа толку сигурни дека е добра идеја да се чува во тајност.
Едно лице советуваше: „Би препорачал да му ја кажеш вистината. Кажи му колку си всушност луда“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Оваа госпожа, мора да е: а) Парис Хилтон, б) Памела Андерсон, в) Северина?
Заокружете го точниот одговор!
П.С. Пред 20 години тоа беше за осуда, денес е тренд! Башка и силен доказ ако некој не ти верува!
Коментирај анонимно