Снуп Дог си доби зет! Неговата најмала 23 годишна ќерка го кажа судбоносното „ДА“ на искрена, романтична церемонија

Снуп Дог наскоро би можел да преземе нова улога – дедо.

51-годишниот рапер ја прославува свршувачката на своето најмало дете Кори (23), која му кажа „да“ на нејзиниот долгогодишен дечко Вејн Дис.

 

Поставувањето на големото прашање беше семеен настан. Вејн, кој е креативен директор на брендот за убавина „Choc Factory“, долго планирал како да го изведе сето тоа.
Тој избра голем дијамантски прстен во форма на солза, за својата идна сопруга и направи огромен знак на кој пишуваше „Дали ќе се омажиш за мене, Кори?“ додека пријателите и семејството го гледаа како клекнува на едно колено. Двојката беше облечена во соодветни розови спортски костуми.

 

 


Споделувајќи ја добрата вест на социјалните мрежи, Кори објави фотографија на која Вејн надвор од камерата ја држи за рака додека го покажува својот нов прстен, пишувајќи: „Свршени“.
Идниот младоженец објави слика со наслов: „Едвај чекам да го споделам моето презиме со тебе ❤️ Мојот прекрасен вереник“.

Снуп го изрече својот благослов за двојката со: „Честитки, мое благословено девојче! Те сакам зете. Бог е добар“.

Вејн објави фотографија од својот татко со раперот, означувајќи ја како „Сватови и татковци“.

Се верува дека Кори, која е пејачка во подем, се забавува со Вејн од 2018 година. Во мај 2021 година, Кори се појави во живо на „Инстаграм“ и зборуваше за нејзината борба со менталната болест, лупус и мислите за самоубиство.

Таа отвореност не ги спречи суровите коментари во текот на летото кога некои од обожавателите на нејзиниот татко, го обвинија Вејн дека само излегува со неа за да ја продолжи кариерата.

Кори возврати на ова со: „Сите обожавате да кажувате дека Вејн мора да има корист од мене поради мојот татко Снуп Дог, зарем тој не може едноставно да ме сака?“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *