Со рекламите на Русиве ни Грујо не им е рамен. Погледнете ја оваа реклама за регрутирање војници

Таткото ветеран сирот нема пари па ги бара последните пари од ќерка му, која ги собира за телефон. Ќерката му ги дава ама во стилот „Аман бе татоо, надвор е војна, не знаеме што ќе се случи, јас сакам нов телефон, а сега ти за јадење ми ги зимаш парите, значи пропаст невидена си“.

Додека ќерката седи со другарката и си раскажуваат срцепарателна приказна како е тешко, другарката открива дека и татко ѝ е ветеран и тој отишол да ја брани својата земја. Дека им фали ама се е супер бее, се слушаат секој ден. Таткото кој ја држи касата на ќерка му со пари, го слуша тој разговор и се разбира знаеше што треба да направи! Знаеше дека треба да ја остави таа каса и дека спасот за нов телефон е да оди да ја брани својата држава.

На крајот таткото се враќа, нормално ПРЕСРЕЌЕН, зашто на одмор беше и погодете што ѝ донесе? Само не знаеме од каде, најверојатно од продавницата во шумата. Или изгледа Путин му рекол, „Брат ве прислушкувам сите знам дека ќерка ти сака телефон. Еве дај и го овој. И ФАЛА ШТО ДОЈДЕ БРАТ!“