Со велосипедот отишол да се запише на факултет: Поминал 4000 километри, бил три пати уапсен, но на крајот се случило нешто неверојатно

25-годишниот Мамад Сафаи Бери од Гвинеја сонувал да се запише на престижен универзитет во Каиро, но немал пари за авионски лет. Сепак, тој сепак решил да ризикува и тргнал со својот велосипед.

 

За четири месеци тој ги преминал Мали, Буркина Фасо, Того, Бенин, Нигер, Чад и три пати бил уапсен. Но, неговата приказна привлече внимание, а во Чад имало луѓе кои платија за летот. Тогаш деканот на универзитетот во Каиро дознал за авантурите на момчето и му понудил место со целосна стипендија.

 

„Спиев во шумата и во планините. Спиев потпрен на мојот велосипед затоа што се плашев дека ќе ми го украдат. Понекогаш јадев само еднаш дневно. Не можев да најдам вода да се мијам“, рече тој. По пристигнувањето во Того, младиот човек бил уапсен од безбедносните сили и испрашуван без разумно оправдување. „Ми поставуваа многу прашања. Одговорив на сè, но не ме пуштија“, објасни тој. Бери рече дека бил ослободен дури по девет дена и испратен во Бенин. Таму јадел леб што го нашол на улица и плодови од дрвјата.

Сепак тој труд вредел и иако може сето тоа да се смета за траума, никогаш да не заборави како стигнал на тој Факултет и дека сето тоа е само почеток на едно убаво искуство.