Шокантно: Како изгледаше порано жената којашто досега има потрошено 100.000 долари за да изгледа како вистинска Барби?

Жена која потрошила околу 100.000 долари обидувајќи се да се претвори во вистинска Барби, ги остави луѓето запрепастени откако откри како изгледала порано пред да се подложи на низа скапи процедури.

 

 

 

Алиша Амира, гордо се опишува себеси како „пластична кукла“, откако се подложила на многу естетски операции од 21-годишна возраст, вклучувајќи операции на градите, челото, очите, носот, образите и усните.

Таа ја започнала својата драматична трансформација во 2011 година, откако ја напуштила работата во ПР и го заменила Стокхолм за Лондон. Но, таа долго време сонувала да се преобрази себеси, бидејќи била инспирирана од ликовите во данското ТВ шоу „Девојките на кралот“ кога имала само девет години.

 

 

 

Деновиве, 34-годишната девојка постојано става носи екстензии на коса како Рапунзел, беспрекорен тен, незгодно долги нокти и екстензии на трепките, така што и одржувањето на нејзиниот впечатлив изглед не е баш евтино.

Можеби ќе ја препознаете Алиша од нејзиниот незаборавен изглед на „Botched“ во 2017 година, каде што ги замоли славните хирурзи Тери Даброу и Пол Насиф да и ја поправат операцијата на градите – пред да ги запрепасти потоа со барање за отстранување на ребрата, бразилско подигнување на задникот и внатрешен корсет.

Лекарите ја одбија нејзината козметичка листа на желби, но ѕвездата на „OnlyFans“ едноставно продолжи со „Бимбофикацијата“ на друго место.

 

 

Но, најшокантниот момент од нејзиниот разговор со Алисон Хамонд и Дермот О’Лири во „Тhis Morning“ беше кога почнаа да се појавуваат слики од тоа како изгледала таа порано.

Алиша објасни дека „отсекогаш била задоволна со тоа како изгледа“ и дека нејзината операција била „постепен“ процес бидејќи не била „опседната со една цел“.

 

 

Таа додаде: „Инспирацијата ја наоѓам во модификацијата на телото, сакам пластична хирургија, обожавам филери. Едноставно сум инспирирана и воодушевена од русокосите жени со големи гради.  Навистина сум среќна со тоа како изгледам сега. Без разлика како се облекувате, во што се занимавате, најдете начин да бидете среќни да бидете тоа што сте во сегашноста. Потребна е многу храброст да изгледате вака“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *