Шокиранo 12 годишно девојче пронашло огромен заб од најголемата ајкула во историјата стар 20 милиони години

12-годишна ученичка била шокирана кога пронашла огромен заб стар 20 милиони години од најголемата ајкула која некогаш постои.

Сидни Рут барала фосили на плажа во Есекс, Англија, кога нашла заб голем колку цела дланка.

Нејзината тетка, Софи Фристон, веднаш го препознала – тоа е од мегалодон, најголемата ајкула што некогаш живеела и владетел на праисториските океани. Самиот збор мегалодон значи „голем заб“.

29-годишната Фристон рече: „Отсекогаш сме ловеле заби од ајкула, имаме тегли со нив и тој ден кажувавме колку би било неверојатно да се најде „мег заб“, и најдовме еден. Претходниот ден имаше огромен пад на карпа, па се спуштивме следниот ден и беше веднаш пред карпата – само седеше таму на површината. Го најде мојата внука Сидни. Таа ме праша „Софи, што е ова? И јас бев како „ох Боже, тоа е заб на мегалодон!“.

Мегалодонот бил до 18 метри во должина, а нивните вилици – кои можеле да проголтаат два возрасни луѓе одеднаш – биле обложени со 276 од овие заби. Според Природнонаучниот музеј нивниот загриз бил 180.000 њутни силен – што е десет пати повеќе од загризот на белата ајкула.

 

Големината и силата на праисторискиот предатор сега е инспирација за Холивуд, со видот прикажан во филмот „Мег“ од 2018 година и неговото претстојно продолжение.

Софи додаде: „Тие биле поголеми од китовите; Мислам дека порано јаделе китови и знам дека јаделе големи бели ајкули“.

Ловот за заби од ајкула е стара забава во семејството на Софи. Но, минатиот четврток – кога ѝ се придружиле нејзините внуки, Флоренс Марфи и Сидни – било првпат некоја од нив да најде заб од страшниот мегалодон.

Софи рече: „Ова е првиот што го најдовме во семејството. Бевме навистина шокирани и изненадени, но истовремено среќни и возбудени“

Ема Бернард од Природонаучниот музеј рече дека мегалодонските заби се „исклучително ретки“ во Обединетото Кралство. Таа рече дека тие почесто се наоѓаат во југоисточниот дел на САД, Мароко и Австралија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *