Јапонија предлага изградба на соларен прстен околу Месечината, за Земјата да има бесконечна бесплатна енергија
Во време кога традиционалните извори на енергија се соочуваат со се поголеми предизвици и ограничувања, на повидок се појавуваат смели и невообичаени проекти. Јапонските инженери излегоа со футуристичка визија – Месечината да послужи како батерија за Земјата, како платформа за континуирано производство на енергија без прекини, без облаци, и без промена на ден и ноќ – само непрекинат поток на сончева енергија.

Содржина:
- Идејата предвидува изградба на прстен од соларни панели по целиот еквадор на Месечината
- Сончева енергија од Месечината до Земјата преку микробранови и ласери
- Масовна употреба на роботи и искористување на месечевиот реголит за градба и енергетика
- Месечевиот соларен прстен теоретски може да покрие голем дел од светскиот енергетски апетит, но бариерите се огромни
- Идеите како соларен прстен ги шират границите на возможното и навестуваат револуционерна енергетска иднина
Идејата предвидува изградба на прстен од соларни панели по целиот еквадор на Месечината
Предлогот, што го разработи една јапонска компанија, засега е само концепт. Изградбата на прстен од соларни панели по должината на месечевиот еквадор е централниот елемент. Во презентацијата се истакнува: „Електричната енергија ќе се произведува преку појас од соларни елементи околу месечевиот еквадор и потоа ќе се испраќа на Земјата.“ Овој инженерски пристап има за цел да ја надмине главната слабост на земјините соларни централи – нивната променливост.
Сончева енергија од Месечината до Земјата преку микробранови и ласери
Енергијата произведена на Месечината нема да се складира таму. Планот е, таа да се пренесува кон Земјата со микробранови или ласери. На земјата би се изградиле посебни приемни станици кои ќе го примаат зрачењето и повторно ќе го претвораат во електрична енергија.
Масовна употреба на роботи и искористување на месечевиот реголит за градба и енергетика
За да може проектот да се реализира, ќе биде потребна масовна употреба на роботи и автоматизирани системи кои ќе работат во месечевите услови. Од клучно значење ќе биде и искористувањето на локалните ресурси: месечевиот реголит може да се обработи во градежни материјали, па дури и соларни ќелии. Ова би ја намалило зависноста од носење материјали од Земјата.
Месечевиот соларен прстен теоретски може да покрие голем дел од светскиот енергетски апетит, но бариерите се огромни
Теоретски, ваквиот систем би можел да задоволи значаен дел од светската потрошувачка на енергија. Но, реализацијата се соочува со многу сериозни предизвици: огромни трошоци за изградба и одржување, а технологиите за пренос на енергија на вакви растојанија се уште не се развиени. Дополнително, проектот нема финансиска или значајна државна поддршка.
Идеите како соларен прстен ги шират границите на возможното и навестуваат револуционерна енергетска иднина
И покрај сите препреки, ваквите идеи го шират хоризонтот на возможното и ги поттикнуваат новите технолошки достигнувања. Лунарниот соларен прстен засега е само визија, но ни нуди целосно нов поглед за идната енергетика – далеку од Земјата, во индустриски размери кои до неодамна беа само сон.

Коментирај анонимно