Сончевите зраци му се закануваат на човештвото со катастрофални последици за модерната технологија. Не е прв пат да се случи вакво нешто

Познато е дека сонцето циклично го менува интензитетот на неговото зрачење, што доведува до периодични изливи на сончева активност. Врв на активност се очекува во 2024 година, што може да има сериозни последици за Земјата.

 

Според Даниел Медијавила, популаризирач на науката кој пишува за шпанската публикација Ел Паис, претстојните сончеви зраци би можеле да нанесат сериозен удар во светот на технологијата.

„Моќните зраци можат да ги нарушат сателитите, копнените комуникациски услуги, па дури и да ги уништат електричните мрежи“, пишува Медијавила.

Веќе имаше преседани за вакви настани. Во 1859 година, геомагнетна бура предизвика откажување на телеграфските линии. Во 1989 година, сончев одблесокот предизвика затемнување во канадската провинција Квебек, оставајќи 6 милиони луѓе без струја 12 часа.

Јапонскиот астрофизичар Фуса Мијаке откри феномен кој подоцна беше наречен „настанот Мијаке“. Таа откри скокови во радиојаглеродот и зголемени концентрации на берилиум во примероците од дрвја и мраз, што укажува на изложеност на екстремно сончево зрачење.

Повторените настани од ваков вид може да доведат до сериозни проблеми за човештвото, вклучително и прекини на електричните мрежи, комуникациите и другите витални системи.

„Мораме да бидеме подготвени за потенцијалните влијанија на соларната активност и да преземеме мерки за заштита на нашата инфраструктура и технологија“, заклучува Медијавила.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • WwgNBtIfaTry напиша:

    ePbtclNCUXfn

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *