„Совет” од жена на милионер: „Жени, никогаш не излегувајте со сиромашни мажи!”
Жена е критикувана затоа што го „прикажала“ својот гламурозен начин на живот со милионер од Дубаи и ги повикала своите фанови никогаш да не излегуваат со сиромашни момци.

Софија Кралоу го живее својот животен стил од соништата полн со дизајнерски чанти, приватни авиони и скапи одмори.
Најпозната е по тоа што го споделува животот на социјалните мрежи и им дава на своите следбеници увид во нејзините раскошни секојдневни активности.
Софија неодамна се најде на удар на критиките откако ги замоли своите обожаватели да ги „подигнат своите стандарди“.
„Вашиот дневен потсетник никогаш да не излегувате со сиромашни мажи“, рече таа, покажувајќи купишта готовина, чанта „Ив Сен Лоран” и ново „Ламборџини”.

„Ако излегувате со богат човек, можете да бидете богати и сами“.
Софија, исто така, откри дека е во многу среќна врска со нејзиниот сопруг и дека парот „секогаш се држеле за рака“ и заедно „патувале низ светот“.
„Луѓето прават претпоставки за нас врз основа на нивната перспектива на светот, но ние сме многу среќни“, рече таа.
Многумина сè уште го критикуваа нејзиниот начин на размислување и ја оценуваа за „погрешните“ вредности.
„Значи, ќе се вратиме 100 години наназад за повторно да бидеме зависни од машка плата? Одлична порака“, напишала една налутена жена.


„Односите не се само за пари – да се биде со некој кој не е богат, но работи напорно за да ги постигне своите цели, не значи дека ги намалувате вашите стандарди“, рече друг.
„Жените како тебе се толку плитки, секогаш размислуваат само за материјални вредности“, напишал друг изреволтиран човек.

Ова исто да важи и за мажите.
Коментирај анонимно