Современата шмизла од Инста сака богат маж од град, но заврши во село Тешица па сега ќе учи да биде домаќинка

Сандра е Русинка и доаѓа од Москва. Вие не верувајте ама така е! Сака да си најде некој убав богат маж и сака многу да се журка. Но единствена маана ѝ е што е хистерична, нервозна и љубоморна на све живо и диво. Но среќа па дојде во село и овде може да биде љубоморна само на диво, а и нешто припитомено. Марјан е нејзината сродна душа, па сега таа ќе мора да го изоди патот до љубовта со тоа што ќе заборави на забавите и ќе биде домаќинка. Еве во овие видеа ќе ви покаже како се прават некои работи во домаќинството.

Како и секоја домаќинка основно е да знаете да скршите јајце. Еве Сандра ќе ви покаже на видеово како:

 

Исто така доколку не знаевте како се добиваат јајца таа ќе ви објасни. И ќе ви објасни и зошто е логично сето тоа.

Дилемата со јајцето ја решивме. Се надеваме дека ви стана јасно. А дали знаете како се прави сирење? Гледајте и запишувајте!

Сега одиме на практична работа. Да ги нахраниме оние кои ни ги даваат јајцата. Петлите или кокошките беа?

И на крајот што мислите дали и се допадна овој живот на Сандра? Еве има да ви каже неколку работи за кокошките и питбулите. Да добро слушнавте. Пуштете го видеото ќе ви се разјасни работата.

  • Nekoj koj znae напиша:

    Epa ovaa sandra opasna e ama ja ima vo drugo video koj se vika angela ilievska od makedonija demek e model za dizajn deka ima svoja firma ako ne se lazam hah se e laga i prevara za pari nisto ni e realno…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.