Споени близнаци од Бразил родени со споен мозок, се разделени по 27-часовна операција

Бернардо и Артур Лима се родени со споени мозоци. Двојката беше подложена на седум операции во Рио де Жанеиро, надгледувана од педијатрискиот хирург од болницата “Great Ormond Street£, д-р Нур ул Овасе Џеелани.Речиси 100 медицински лица ги оперираа тригодишните деца, кои минаа 27 часа под нож за време на последната операција.

„На некој начин овие операции се сметаат за најтешките во нашето време, и да се направи тоа во виртуелна реалност беше само работа од човекот на Марс“ рече доктортот. „За прв пат во светот, хирурзите во одделни земји носеле слушалки и заедно оперирале во иста соба за виртуелна реалност“.
Д-р Џелани рекол дека бил „апсолутно скршен“ по последната операција од 27 часа, каде што направил само четири паузи од 15 минути за храна и вода.

„Но, беше прекрасно да се види како семејството се чувствува подобро“ вели Џелани.
Тој додаде дека, како и кај сите споени близнаци по разделбата, крвниот притисок и отчукувањата на срцето на момчињата биле високи – додека не биле повторно соединети четири дена подоцна и не ги допирале рацете.
Близнаците добро закрепнуваат во болница и се соочуваат со шестмесечна рехабилитација.

Ова е шеста постапка за разделување близнаци на д-р Џелани, откако претходно оперирал близнаци од Пакистан, Судан, Израел и Турција.
Бидејќи Бернардо и Артур имаат речиси четири години, тие се и најстарите краниопагусни близнаци со споен мозок што биле разделени.

Според бројките на близнаците, едно од 60.000 раѓања резултира со споени близнаци, а само 5 проценти од нив се споени на главата – познати како деца од краниопагус.Се проценува дека секоја година ширум светот се раѓаат 50 такви пара близнаци. Од нив, се смета дека само 15 преживуваат по првите 30 дена од животот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *