Спречен увоз на 23 тони сомнително пилешко месо од Бразил
Пратка со замрзнато пилешко месо од Бразил не доби дозвола да влезе во Македониjа. Како што информира АХВ, причината е непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, мерка донесена заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса, односно птичји грип, во земјава.

Содржина:
Забраната го опфаќа месото добиено пред 1 август 2025
Пратката е одбиена бидејќи замрзнатото пилешко месо било произведено во јануари 2025 година. Според донесеното решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Во декември 2025 од истиот премин се вратија над 26 тони пилешки батак
Ова не е прв случај поврзан со истата забрана. Ветеринарите на овој граничен премин, поради истата причина, во декември 2025 година во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.
АХВ до увозниците по одбиената пратка
Институцијата упати апел до увозниците на храна да ги почитуваат правилата што се однесуваат на безбедноста на храната.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет“, наведува АХВ.

Коментирај анонимно