Србинка украла чадор за сонце и лежалки во Хрватска, доби забрана за влез во ЕУ
Србинка на возраст од 38 години доби забрана за влез и престој во Европскиот економски простор во траење од една година, откако во Хрватска била осомничена за кражба од приватен имот. Случајот започнал како летна епизода во двор во Сукошан, но завршил со кривична пријава и мерка протерување.

Во недела околу 14 часот влегла во двор во Сукошан, сопственост на 59-годишен маж
Според хрватската полиција, жената од приватниот имот однела три лежалки и еден чадор за сонце. Полицијата ја пронашла неколку дена подоцна, а украдените предмети биле одземени и ќе му бидат вратени на сопственикот. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кражба до надлежното обвинителство во Задар. Дополнително, поради прекршување на правилата за престој на странци, и е изречено протерување и забрана за влез и престој во ЕЕП во следната една година.


Коментирај анонимно