Срцето ќе ти заигра кога ќе ги слушнеш овие деца како ја пеат „Македонско девојче“
Децата се ученици од ОУ Партениј Зогравски – Кисела Вода, Скопје и со оваа песна се претставија на „Гласот на Ѕвездите 2026“ во организација на граѓанското здружение Незапирливи.
За настанот „Гласот на Ѕвездите 2026“
Со поддршка на Општина Кисела Вода, здружението „Незапирливи“ организира три настани во октомври и ноември 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода: работилница со актери (27 октомври 2026), работилница со музичари (28 октомври 2026) и завршен концерт на ученици од основните училишта (19 ноември 2026), кој вклучува доделување награди за лидерство и заедничка изведба на „Македонија“. Проектот ги поврзува младите со искусни уметници за да ги слушнат реалните предизвици на успехот, а учесниците кои се вклучуваат по вторпат (од осмо и деветто одделение) преземаат улоги на ментори и лидери во своите училишта, надградувајќи го првото издание од 2025 година.
Незапирливи е граѓанско здружение посветено на откривање и развој на талентите кај младите. Преку своите проекти и методологија, здружението поттикнува меѓугенерациска поддршка, градење самодоверба и преземање лидерски улоги во заедницата, нудејќи им на младите простор за учење, изразување и поддршка на нивниот пат кон успехот.

Коментирај анонимно