Српската инстaтуткa „Кокаина“ не била само фолирант, туку е приведена заради шверц на дрога и оружје

„Кокаина“, Маријана Мирјаниќ, која редовно ја шокира својата „инстa“ публика со жешките криминални фотографии, беше уапсена за шверц на дрога и огнено оружје. Полицијата ја застанала на пат и запленила две пакувања хероин, 20 килограми канабис и пет пиштоли од нејзиниот автомобил. За да биде иронијата поголема, и покрај нејзиниот прекар, ѝ нашле сѐ освен кокаин :).

31-годишната дама ќе остане во притвор додека е под истрага и ќе се појави пред Вишото обвинителство во Нови Сад.

Портпаролката на полицијата изјави:
„Маријана се смета за курир, кој пренесува дрога и оружје за некој друг. Истражуваме дали таа работела за злосторничка организација или дали не знаела за нејзината мисија и била користена слепо. Ние сè уште се обидуваме да утврдиме кој е сопственик на нелегалната стока и каде требало да биде доставена“.

Полициската истрага е во тек.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.