Српските туристи сакајќи да ја избегнат Македонија поради камерите заглавија во гужви низ Бугарија

Српски туристи решиле патот да го продолжат преку Бугарија, наводно за да ја избегнат Македонија поради новите сообраќајни камери. Но, алтернативната рута не поминала баш според планот – на границата, но и по патиштата низ Бугарија ги пречекале долги колони и гужви.

 

  • Горанче напиша:

    Нашиве власти треба конечно да го сменат начинот на наплата со воведување на Вињетки по примерот на слични држави по големина како нас (Словенија на пример), со што ќе се овозможи слободен проток без застои, наместо малтретирање на туристите ( а и нас овдешните возачи) по нашите патарини. Исто така нашиве власти мора да изградат автопатска делница од Катланово до Велес, бидејќи постојната траса нема карактеристики на автопат ( нема лента за застанување, проектирана брзина 50 км/х, и др……). МОРА да бидат санирани коловозите, заштитните мрежи на автопатите низ Македонија, НЕ СМЕЕ да има ударни дупки на автопат! И одговорното правно лице за одржување на автопатите (ЈП за државни патишта) да може да добие налог за санирање на одреден пат/ казна за несоодветно одржување на одреден пат… Во превод, ако нашите патишта и систем за наплата се ОК и не продуцираат губење време, застои, кај корисниците – нема што да се грижиме дали патувањата се преку Македонија или преку некоја друга земја

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *