Стар брачен пар отишол на лекар, а мажот се пожалил на еден чуден проблем во кревет (виц)
Еден стар брачен пар решил да оди на лекарски преглед.
Докторот прво го прегледал мажот:
– Изгледа дека сè е во ред со вас. Имате ли некакви проблеми?
– Па, докторе, ништо посебно. Само кога водам љубов со жена ми првиот пат, сè е во ред. Ама кога ќе дојде втората рунда, почнувам многу да се потам и тоа малку ми пречи.
Потоа докторот ја прегледал жената:
– И вие изгледате добро. Но, сопругот ми кажа дека кога водите љубов првиот пат, сè е во ред, а вториот пат почнува многу да се поти. Знаете ли можеби зошто?
Жената:
– Нормално дека знам, докторе! Првиот пат е во јануари, а вториот во август!


Коментирај анонимно