Статуата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро ја погоди гром, а сликите од овој несекојдневен момент изгледаат неверојатно! Дали е ова можеби некој знак?

Гром удри во главата на статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Бразил. Моментот го фатил фотографот Фернандо Брага, а сликата е објавена на неговата страница на „Инстаграм“.

Фотографот рекол дека фотографијата е направена во 18:55 часот по локално време на 10 февруари, кога во градот се појавило невреме со грмотевици и врнело многу. Тој морал да сними околу 500 „фрејмови“ во автоматскиот режим, а потоа да го избере оној што го доловува моментот на удар.

Статуата се наоѓа на врвот на планината Корковадо во Рио де Жанеиро. Гром удира во повеќе наврати, иако споменикот е опремен со громобрани.

 

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *