Стефани Кволек: Жената чиј револуционерен изум сопре милиони куршуми и спаси безброј животи

Во лабораториите на американската компанија „Дупонт“, една хемичарка во шеесеттите години на минатиот век барала полесен начин да се зајакнат автомобилските гуми во време на нафтена криза. Наместо обичен индустриски материјал, нејзината работа го отвори патот кон кевларот, еден од најзначајните материјали во современата историја.

Стефани Кволек: Жената чиј револуционерен изум сопре милиони куршуми и спаси безброј животи

Во 1965 година матниот раствор изгледал како нешто што треба да заврши во отпад

Кволек добила необичен полимерен раствор кој не бил густ и проѕирен, како што би се очекувало, туку матен, течен и на прв поглед речиси бескорисен. Повеќето нејзини колеги веројатно би го фрлиле, но таа не се откажала. Инсистирала растворот да се пропушти низ специјална машина за предење влакна.

Во 1965 година матниот раствор изгледал како нешто што треба да заврши во отпад

Влакната биле пет пати поцврсти од челикот со иста тежина

Резултатот бил изненадувачки и веднаш ја сменил насоката на истражувањето. Новиот материјал бил исклучително лесен, огноотпорен и далеку поцврст отколку што се очекувало од еден раствор што претходно изгледал неупотребливо. Така се родил кевларот.
Материјалот што го создаде Кволек стана основа за современа заштитна опрема. Благодарение на нејзината упорност и научна љубопитност, стотици илјади полицајци, војници и спасувачи ширум светот преживеале смртоносни напади од огнено оружје.

Сè започна со девојка која црташе фустани

Стефани е родена во 1923 година во близина на Питсбург, во семејство на полски имигранти. Нејзиниот татко, природонаучник, ја водел низ шумата и ја научил да забележува мали детали. Нејзината мајка била одлична шивачка, а нејзината ќерка поминувала часови скицирајќи модели на облека и се стремела да стане моден дизајнер.
Но, немало пари за школарина. Па така, во 1946 година, со диплома по хемија, Кволек привремено се вработила во „ДиПонт“, за да заштеди пари за студиите. Оваа привремена работа траела четириесет години.

Необичната течност што довела до големо откритие

Компанијата „ДуПонт“ барала нов, лесен и издржлив материјал што би можел да ги замени челичните влакна во автомобилските гуми. Причината била стравот од можен недостиг на гориво во иднина, поради што сакале да произведуваат полесни и поекономични гуми.
Работејќи на оваа задача, научничката Стефани Кволек експериментирала со различни хемиски соединенија. Во декември 1964 година добила необична, заматена течност која на прв поглед не изгледала ветувачки.
За да се претвори во влакно, течноста требало да помине низ специјална машина со исклучително ситни отвори. Но, операторот Чарлс Смулен одбил да ја употреби, стравувајќи дека заматената течност содржи честички што би можеле да ја затнат и оштетат машината.
Кволек, сепак, била убедена дека течноста е безбедна, бидејќи претходно ја филтрирала и проверила дека нема талог. Неколку дена се расправала со операторот, обидувајќи се да го убеди да го направат експериментот.
„На крајот го изморив“, се пошегувала таа подоцна.
На почетокот на 1965 година, операторот конечно попуштил. Кога течноста поминала низ машината, се добиле влакна со неверојатна цврстина и издржливост. Тоа било почетокот на откритието на кевларот, материјал кој подоцна ќе најде примена во панцири, заштитна опрема и многу други производи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *