Штип повторно слави: Дамјан Давков со ново злато од Балканската математичка олимпијада

Убави вести пристигнуваат од Солун — младиот математички гениј од Штип, Дамјан Давков, повторно ја воодушеви Македонија освојувајќи златен медал на 43-тата Балканска математичка олимпијада.

По низата врвни успеси на европските и светските математички натпревари, Давков уште еднаш покажа дека талентот, трудот и знаењето немаат граници. Македонија има со што да се гордее.

Честитки од срце, дете златно.
Продолжи по патот по кој сигурно чекориш — иднината очигледно ти стои на број. ✨

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.