Што добивате доколку сте член на најскапата теретана во светот, кадешто месечното членство чини 10,000 долари?

Повеќето луѓе размислуваат за тоа што значи да се платат меѓу 30 и 50 долари месечно за членство во теретана… но што би рекле за 10,000 долари?

Токму толку ќе ве чини месечно членството во „Continuum“, ексклузивен велнес клуб во елитното маало Гринич Вилиџ во Њујорк. Официјално отворен во април 2024 година за своите основачи, овој здравствен центар, луксузен салон и теретана нуди сè што е потребно за љубителите на фитнесот.

 

 

Со простор од 25.000 квадратни метри, „Continuum“ ограничува членството на само 250 луѓе, па заинтересираните се охрабруваат да се пријават на листата на чекање.

Џеф Халеви, поранешен претприемач во фитнес-технологијата и претседател на „Continuum“, објаснува: „Нашиот уникатен пристап е интеграцијата на сите овие модалитети на врвно ниво. Го олеснуваме процесот за нашите членови, не само преку програмирање, туку и преку избирање на најдобрите експерти кои ќе работат со нив“.

 

 

Членовите почнуваат со детална проценка која вклучува тестирање на кислородниот капацитет (VO2 Max), скенирање на телесната композиција, крвни анализи и анализа на сонот. Вештачката интелигенција (AI) игра клучна улога, создавајќи персонализиран план за велнес кој се ажурира соодветно на податоците.

 

Оваа визија за долгорочно здравје се надополнува со акцент на превентивна грижа, балансиран начин на живот и напредна опрема, како „Keiser Strength“ уреди и „Woodway“ ленти за трчање. Членовите можат да користат услуги за физикална терапија, хипербарични комори, сауна со хималајска сол и други луксузни третмани.

„Continuum“ нуди и простори за одмор, работа и релаксација, слични на петѕвезден хотел, што го прави уникатен избор за сите кои бараат врвно искуство.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *