Што е феноменот на патна хипноза? Кога се случува и како да ја спречите?

„Патна хипноза“ е состојба во која човек може несвесно да вози автомобил, а истовремено да е обземен од сопствените мисли. Терминот првпат се среќава во една статија во 1921 година, која го опишува феноменот на возење во транс состојба, кога возачот гледа во една точка и, очигледно, ментално е некаде далеку, но ги извршува сите дејствија потребни за безбедно возење. „Патната хипноза“ е посебен случај на автоматизам, нормален процес кој е својствен за мозокот.

Очите на возачот се вперени во автопатот, ширум отворени, но мозокот не може да снима и анализира сè што гледа окото. Патната хипноза обично започнува по 2,5 часа од моментот на поаѓање и достигнува највисоко ниво во 4-тиот час. Возачот не може да разбере колку брзо се движи, брзината на возилото го надвладува и поради оваа причина, тој достигнува голема брзина.

За таа цел се поставуваат столбови за осветлување на патиштата коишто се вообичаено лоцирани на секои 50 метри.

Една од причините за патна хипноза може да биде и слушањето стабилен ритам на музика кој ни овозможува лесно да влеземе во тран состојба и да се задлабочиме во нашите мисли. Хипнозата на патиштата се нарекува и автопатска хипноза или „треска на бела линија“.

Патната хипноза се смета за една од главните причини за сообраќајки на долги патишта и автопати. Затоа секогаш кога одите на долг пат се препорачува со вас да имате совозач кој би можел да ве одржи будни во реалноста.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *