Што е тоа демократија? (виц)

Си шетала Кума Лиса во шумата и ја видела чавката како лета наназад.
– Еј чавко, зошто леташ наназад?
– Е, тоа ти е демократија, Лисо?! Си правам што си сакам.
– Убаво нешто била демократијата! – си рекла Кума Лиса и започнала и таа да оди со задникот напред.
Одејќи така, ја здогледал Кумчо Волчко и му се видела добра шансата, застанал на патот, се наместил и додека Лиса да се свести, ја изненадил од позади. Кога се освестила што се случило го прашала:
– Волчко, што е сега ова? Зошто ми го направи?
– Нели е демократија, Лисо?! Си правам што си сакам.
Продолжила Лиса понатаму, пак со задникот напред, па ја начекале и зајакот и мечокот. И тие ја изненадиле од позади. Се изнервирала лисицата и тргнала да ја бара чавката. Ја здогледала на небото и што да види – си лета пак нормално нанапред.
– Чавко, зошто ме излажа за таа демократија? Целата шума ми се изреди заради тебе!
А Чавката ѝ одговорила:
– Е Лисо, таква е реалноста! За нас горе е демократија, а за вас долу си е чист с*кс!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *