Што е тоа ништо? (виц)

Професор по физика им објаснува на студентите за безвоздушен простор. Еден од студентите прашува:
– Значи професоре, можеме да кажеме дека таму нема ништо?
Професорот објаснува:
– Не, не можеме. Сега ќе ви објаснам физички. Ајде чекор по чекор. Ајде да го тргнеме воздухот од просторот. Таму пак има некои честички од атмосферата, фотонот на светлината е честичка. Значи мора да излеземе во Вселената, меѓу планетите пак има честички иако многу поретки. Меѓу ѕвездите — има уште помалку, ама пак има нешто. Меѓу галаксиите — уште поретко, ама пак има нешто. Вакуум? Не. И таму има квантни честички што се појавуваат и исчезнуваат. За вистинско ништо мора да нема ни простор, ни време, ни закони на физиката.
Студентите во амфитеатарот се фасцинирани.
Еден прашува:
– Добро професоре, а каде во пракса може да се сретне вистинско НИШТО?
Професорот му одговара:
– Во главата на македонски политичар.

  • Шо стори бе браааат! напиша:

    ВИЦОТ – ПАРТАЛИ!!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Шо стори бе браааат! Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *