Што им се случи пна двајцата британски ловци на богатство после 4 години, откако нашле старо злато вредно 3 милиони и решиле веднаш да го продадат

Богатство што го нашле Џорџ Пауел и Лејтон Дејвис пред четири години во Херефордшир се состоело од златен прстен од 9 век, нараквица со глава на змеј, сребрена прачка која датира од 5 век, кристален привезок и над 300 монети, од кои некои датираат од владеењето на кралот Алфред Велики.

Пронајденото богатство било проценето на околу три милиони фунти, но историчарите веруваат дека артефактите се непроценливо богатство поради нивната одлична состојба. Според Законот за британско богатство од 1996 година, пронаоѓачот мора да поднесе извештај до локалните власти во рок од две недели за сите антички скапоцени метални монети стари над 300 години и пронајдени во количини од повеќе од едно парче.

Пауел и Дејвис не го пријавиле откритието на сопственикот на фармата каде што пребарувале со детектори за метал, а не се обратиле ниту кај професионалци, туку почнале сами да го продаваат она што го пронашле. Уапсени се откако поголем дел од богатството го продале на црниот пазар.

Сега судот на аматерските ловци на богатство им изрече по 18 години казна затвор и им е наредено да платат вкупно 1,2 милиони фунти до 21 март 2023 година како компензација за исчезнатите вредни предмети. Во спротивно, казната ќе им биде зголемена за уште по пет години.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *