Што крие мистериозната „Мелсова дупка“: дупка длабока повеќе од 250 километри која е скриена на сателитските снимки

Во оддалечена област на Соединетите држави, во близина на Еленсбург, Вашингтон, лежи мистериозен феномен што ги збунува истражувачите со децении. Приказните за „Дупката на Мел“, како што се нарекува, вклучуваат џиновска дупка за која се верува дека достигнува длабочина од повеќе од 250 километри.

 

Сè започна кога еден човек по име Мел Вотерс се јави во доцното ноќно ток-шоу Coast to Coast во февруари 1997 година и му кажа на водителот Арт Бел за своето откритие. Вотерс тврдеше дека открил темна дупка без дно во шумска област во близина на неговиот дом, која со генерации се користела како депонија од неговите соседи.

И покрај тони ѓубре, земјоделска опрема, па дури и мртви животни фрлени во јамата, се чинеше дека таа никогаш не се наполнила. Соседите на Вотерс исто така пријавиле чудни настани околу јамата. Кучињата ја избегнувале, а на радијата во нејзина близина се добивале необјасниви сигнали.

 

Во 2017 година, група истражувачи тргнаа да ја пронајдат Мелсовата дупка. Успеале да ја најдат и да ја спуштат камерата. Тоа што го виделе било толку страшно што побегнале плашејќи се за своите животи.

Самиот Вотерс се обиде да ја измери длабочината на дупката со помош на конец за по рива, со тоа што врзал тежок предмет, но дури и по искористување на повеќе од 250 километри конец (се прашуваме од каде најде толку конец?) не стигна до дното. Скептиците тврдат дека топлината од јадрото на Земјата на такви длабочини може да го стопи конецот.

Една од најзастрашувачките приказни се однесува на миленикот на еден од соседите на Вотерс. Откако кучето умрело, неговото тело било фрлено во дупката. Меѓутоа, неколку дена подоцна кучето било забележано живо и здраво како трча низ шумата.

Вотерс тврди дека набргу откако Мелсовата дупка станала позната, американската влада му платила голема сума пари за неговата земја. Оттогаш, областа околу јамата е чувана од војници, а сателитските снимки од областа се затемнети.

Многу детали од приказната за Мел остануваат непотврдени. Сепак, затемнета област на сателитски снимки сугерира дека нешто необично демне во областа. Можеби дупката на Мел навистина е порта кон непознатото, или можеби тоа е само мит.