„Што му фали на мојот аутфит?“ – Девојката си има мака зашто ја засрамиле пред целиот ресторан, вклучувајќи ги дечко ѝ и пријателите, поради фустанот што го носела
Даша „веќе не излегува многу“, па решила да го искористи моментот кога таа и нејзиниот дечко планирале да излезат со некои заеднички пријатели. Па така таа се одлучила за длабок црн фустан кој ги истакнува нејзините облини.
Скролајте надолу за видео


Но, додека Даша се чувствувала убаво во фустанот некоја жена била помалку импресионирана од нејзиниот изглед.
„Разговарав со мојот пријател на масата во ресторанот, но потоа забележав дека оваа жена, која седеше на две маси подалеку од нас, само зјапаше во мене“. Зјапањето ексалирало до таму што Даша ѝ дала поглед „Што е твојот проблем?“
„Таа потоа стана од својата маса и се приближи до нашата маса. Ме погледна од горе до долу и доволно гласно за сите да слушнат рече: „Треба да се срамите што го носите овој тип на фустан на јавно место. Има деца и семејства околу вас“

Даша вели дека жената „продолжувала и продолжувала“, до тој степен што на крајот ѝ рекла „да оди да се е*е“.
„Ја погледнав и реков: „Можам да облечам што сакам, грижете се за вашата работа, љубоморна, огорчена Карен“.
Жената тогаш излетала од ресторанот како фурија и не се ни вратила.
Даша додаде дека вообичаено не е тип на човек што може да биде вмешан во таква јавна расправија, но „Бев толку засрамена од тој момент – целиот ресторан ме гледаше затоа што знаеја што се случува. Беше многу непријатно пред моите другари и мојот дечко. Ова е причината зошто повеќе не излегувам – нема ништо друго освен драма и има толку многу огорчени и љубоморни Карени таму кои едноставно не можат да се справат со згодните жени кои носат убав фустан“.
Даша брзо предизвика коментари од гледачите, при што многумина ја пофалија што се спротивставила на Карен.
„Горда на тебе. Биди горда на тебе. Ти си навистина силна жена која не се плаши. Ги инспирираш другите да бидат такви“, напиша еден од нив.
„Изгледате неверојатно! И да носите што сакате!!!” додаде уште еден.
„Има деца на плажите, но ние сè уште носиме бикини, а некои одат топлес. Љубомора е затоа што изгледаш одлично“, коментира трет.
Па што мислите вие кој е во право?

pekolot pa kako tamu ke zborat
Коментирај анонимно