Што свадба ќе беше? Индиска невеста потрошила 2 милиони долари за својата свадба во САД
Карлита Наир и нејзиниот сопруг Санџај Балгобин, кој работи во недвижнини, имале традиционална индиска венчавка во Орландо, Флорида во 2022 година. Пет дена младенците и 400 гости уживале во веселбата кој чинела 2 милиони долари.

Церемонијата се одржала во Риц Карлтон во Флорида, а приемот следниот ден во ЏВ Мериот, и двата хотели биле раскошно украсени. Двојката сакала да служи традиционална храна, па го избрале Ritz Carlton бидејќи има индиски готвач.
Вкупно, во текот на пет дена, само за украсување на луксузната свадба и дочек се потрошени 700.000 долари, а за предсвадбени церемонии се потрошени уште 100.000 долари.

Венчаницата на Карлита тежела 23 килограми, платила 9.000 долари и чекала пет месеци за неа. Белиот ансамбл за дочекот го дизајнирал индискиот дизајнер Маниш Малхотр.
„Тој лансираше нова колекција пред нашата венчавка, така што мојата облека беше директно од пистата, а блузата беше изработена по нарачка. Чинеше 21.000 долари“, рече Наир.



Облеката на младоженецот тежела 7 килограми и чинела 5.000 долари.
Сите традиционални предсвадбени функции се одржале во дворот на куќата на родителите на Санџај, каде што била изградена сала за сместување на сите гости.


Според зборовите на богатите младенци, им било важно да стигнат на својата дестинација со стил, па платиле 2.000 долари за Ферари со шофер.

Посебна ставка за трошоци е висококвалитетна забавна програма. Настапиле познати индиски пејачи Рави Би и Савита Синг. Други дополнувања на прославата вклучуваат тапанари, LED роботи и огнено шоу. Карлита и Санџај сакале да нарачаат вистински слонови и тигри, но тие биле прескапи.


„Целото наше семејство ни помогна во организирањето на венчавката, вклучително и финансиски“, објаснува Карлита. „Во индиската култура, невестата и младоженецот не се обврзани да плаќаат за целата свадба. Освен тоа, Санџај е единствено дете па навистина сакаше да им приреди одличен одмор на сите“.





Коментирај анонимно