Што вели Илон Маск, постојат ли вонземјани?

Нормално, многумина беа сигурни дека постои една личност на нашата планета која со сигурност знае дали постојат вонземјани. И неговото име е Илон Маск, тој е „најпаметниот“, кого очигледно Чичко Сем го спрема за новиот светски владетел. Основачот на SpaceX и Tesla, во интервју за време на настан во Рим, призна дека често му го поставуваат ова прашање, но тој ја поддржува верзијата на италијанскиот физичар Енрико Ферми.

„Луѓето често ме прашуваат дали знам за вонземјани или нешто слично. Често ме прашуваат за ова. И најневеројатно е што не видов никакви докази за постоење на вонземјани. Тоа значи дека, најверојатно, во овој дел од галаксијата ние сме единствената свест што постои“.

Маск исто така забележа дека човечката свест е како пламен од свеќа и задачата на целото човештво е да се погрижи овој пламен да не изгасне.

“За да обезбедиме продолжување на животот, мораме да станеме меѓуѕвезден вид”, истакна Маск. Тој претходно изрази идеи дека човештвото мора да еволуира во „космичка мултипланетска цивилизација“ за да го обезбеди својот опстанок.

Во февруари оваа година Маск даде многу оптимистички прогнози за истражувањето на Марс. Според него, човештвото ќе може да оди на црвената планета до 2033 година, иако во текот на освојувањето на планетата „ќе умрат многу луѓе“, но тоа се детали, нели.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

  • Васе напиша:

    Не би рекол дека е најпаметен човек во свето! Нормало дека иднината ни е во космосот, кога заклучно со денес, на Земјата не има 8,079,200,130 комада!!! Ако вака продолжи, до 2030 че не има 15 милијарди! Нормално, тоа не важе за Македонија, бидејќи со по 12,000 иселувања годишно, во 2030 Заводот за статистика вели дека че не има 1,3 милиони (само пензионери и политичари)! А и да отидеме на Марс, шо че прајме таму? Само еден „ресет“ и фали на Земјата: потоп или удар од метеор, како шо и се случило во минатото!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *