Што знаеме за астероидот кој има шанса директно да удри во земјата за седум години?
НАСА идентификуваше астероид со мала шанса да удри во Земјата во 2032 година. Астероидот наречен „2024 YR4″ е откриен на околу 43 милиони километри оддалеченост, но сепак ѝ го привлекол вниманието на НАСА.
Астероидот 2024 YR4 е откриен на 27 декември 2024 година од страна на НАСА системот ATLAS во Чиле. Се проценува дека е голем помеѓу 40 и 100 метри во дијаметар. Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата на НАСА (CNEOS) пресмета дека постои 1,2% веројатност астероидот да удри во Земјата во 2032 година.
Пол Чодас, директор на CNEOS, изјави: „Не сме загрижени воопшто, поради 99% шансата дека ќе не промаши. Но заслужува внимание”.
Европската вселенска агенција исто така соопшти дека е 99% веројатно дека ќе помине безбедно во 2032 година, иако потенцијален удар „не може да се исклучи како можност”. Веројатноста за удар е пресметана со помош на автоматизиран систем за следење кој ги пресметува можностите за удар на астероиди блиску до Земјата во следните 100 години. Моментално, астероидот е на ниво 3 на Торино скалата, што значи дека „заслужува внимание од астрономите”.
Според Меѓународната мрежа за предупредување за астероиди, „коридорот на ризик” – најверојатната географска област каде што би можел да удри – се протега од Јужна Америка преку Атлантскиот Океан до суб-сахарска Африка. Астероидот е доволно голем потенцијално да уништи град. Сепак, експертите нагласуваат дека луѓето не треба да се грижат премногу во овој момент.
Во случај на потенцијален удар, НАСА веќе има успешно тестирано метод за пренасочување на астероиди со мисијата DART во 2022 година, кога намерно удрија вселенско летало во астероид за да го променат неговиот орбитален пат.
Не прочитав шо знаеме за овој астероид, зашо откако знам да читам, све нешто ќе прочитам некаде дека сега ќе не удри астероид, после ќе не удри астероид… Пун ми курац! Нека удри веќе еднаш!
Коментирај анонимно