Сточарите во Сенегал одгледуваат добиток како пред неколку векови, а еве и која е причината за нивниот „ненапредок“

Планетата се менува, но сточарите во африканскиот регион Сахел сè уште одгледуваат добиток на начинот на кој нивните предци одгледувале пред неколку векови. А земјите како Сенегал зависат од нивниот успех во хранењето на растечкото население: Обединетите нации проценуваат дека 65% од месото и 70% од млекото што се продава на локалните пазари во регионот доаѓа од локалните сточари.

Како што пустината Сахара се движи појужно, количината на обработливо земјиште за пасење животни се намалува секоја година. Ова врши дополнителен притисок врз сточарите. Меѓу нив е и Амаду Алтин Ндиаје, кој претходно оваа година поминал 170-километарски пат во потрага по позелени земјишта за животните. Со намалувањето на врнежите и уништувањето на шумите во регионот, Ндијаје вели дека областа повеќе не е иста како во 1970-тите, кога тој бил млад.

„Шумата не е она што беше, и промените продолжуваат секоја година“, рече тој. Потрагата по вода е сеопфатна, особено за време на сушната сезона во Западна Африка. Номадските сточари користат бунари и бушотини, планирајќи ја својата рута околу низа водни кули подигнати од владата за да им помогнат на сточарите да се грижат за своите животни. Некои сточари сега водат суштинска полуномадска егзистенција, чувајќи ги своите семејства на едно место, но ги преместуваат своите животни да пасат во близина кога е потребно. Мамаду Самба Соу (63) по потекло е од Мавританија, но сега живее во североисточниот дел на Сенегал со сопругата и 14-те деца. И покрај предизвиците за одгледување добиток, тој ја опишува врската со неговите животни „како врската што постои меѓу двајца луѓе“. „Постои еден вид реципроцитет помеѓу вас и животните – тие се грижат за вас исто како што вие се грижите за нив“, рече тој. „Тие знаат каде сте, без разлика на вашата позиција“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *