Стотици ретки морски суштества испловија на плажите во Индија: „Никако не смеете да ги допрете!“

Луѓето на плажите во Индија останаа зачудени откако ретки морски суштества ги поплавија плажите во близина на Ченаи како последица на неодамнешниот циклон, за жал поголемиот дел беа мртви. Всушност станува збор за морски змејови кои и покрај тоа што изгледаат фасцинантно најдобро би било да не ги допрете бидејќи се отровни.

 

Гледањето беше невообичаено со оглед на тоа што морските змејови обично живеат во длабоки води и ретко се гледаат на плажата.

Тие беа исфрлени на плажата поради поплавите предизвикани од циклонот Михаунг, кој ја „бомбардира“ државата Тамил Наду со обилни дождови. Во рок од 48 часа наврна 60 сантиметри дожд.

Ченаи, главниот град на Тамил Наду, исто така доживеа масивно излевање на нафта за време на потопот, иако сè уште не е јасно дали оваа катастрофа влијаела на плажата на сините животни.

Како и да е, официјалните лица за дивиот свет тврдат дека „најдобро е да не се допираат“ животните.

 

Морскиот змеј, на пример, е вооружен со нематоцисти – ситни боцки со врвови од отров – кои ги користи за да се одбрани од сите туѓи тела со кои ќе дојде во контакт.

Тие се озлогласени меѓу локалните рибари бидејќи предизвикуваат иритација на кожата, осип и болка.

И додека нивниот отров не е смртоносен сепак е најдобро да се воздржите од допирање.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *