Штотуку наполнив 107 години. Преживеав две светски војни и две пандемии, а мојата тајна за долговечноста е едноставна

Една Волмсли е родена на 9 октомври 1916 година, додека беснеела Првата светска војна. Вдовицата сега живее во старечкиот дом Пендл Брук во Освалдтвистл, Велика Британија и е позната по љубовта кон чајот.

Баба Една е родена во втората година од Првата светска војна и имала 23 години кога започнала Втората светска војна. Таа е исто така една од ретките луѓе кои преживеале две пандемии: бранот на шпанскиот грип од 1918-1919 година и најновата – КОВИД-19.

Прославувајќи го својот 107 роденден, кој го опиша како „забавно време“, баба Една ја сподели тајната за долг живот.

„Јас живеам многу долго, нели? Тајната на долгиот живот е во тоа што секогаш се хранев добро и имав голем апетит. Мајка ми добро ме хранеше. Никогаш не бев гладна. А исто така и мојата поезија. Отсекогаш сакав поезија.“ – објасни Британката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *