Штотуку разведената Ким Кардашијан реши да облече лента изолир за да може да го преболи фактот дека некогаш била мажена за „паметниот“ Канје Вест

Ријалити ТВ ѕвездата (42) за малку ќе покажеше и повеќе од што треба поради нејзиното „голо пупаче“ кое ѝ го разголуваше струкот додека пристигна во ресторанот Геко за време на Арт Базел во четвртокот заедно со нејзината сестра Клои Кардашијан (38).

 

Претпоставуваме дека очилата за сонце се поради тоа што не можела да се помири за своите одлуки во животот, да биде со човек како Канје, па плачела пред да дојде. Друго објаснување ако имате очекуваме во коментари.

 

Но разбирливо е, затоа што во последно време таа имаше бурни денови откако целосно се потврди дека нејзиниот поранешен сопруг има „нарушување на менталното здравје“ во подкастот на Алекс Џонс. Но најверојатно за нејзините животни избори ќе ја тешат 200.000 долари месечно што ќе ги добива за детска поддршка, бидејќи конечно се реши разводот меѓу Ким и Канје. Како и домот од 4,5 милиони долари.

 

 

Исто така според условите на договорот, Канје ќе биде одговорен за 50 отсто од трошоците за образование и безбедност за четирите деца. Во спогодбата за развод, Канје се согласил на Ким да ѝ го препише домот од 4,5 милиони долари кој е до нејзиниот сегашен.

Ким сега ќе биде сопственик на домот со пет спални соби, кој се простира на 3.650 квадратни стапки. Покрај соседниот дом, Ким ќе ги задржи правата на имотот вреден 60 милиони долари во Хиден Хилс, Калифорнија во кој живее со децата, како и имотот во Ајдахо.

 

Во пактот, Канје ќе ја задржи сопственоста на домот на плажа во Малибу од 60 милиони долари, пар ранчи што ги поседува во Вајоминг, 300 хектари во Калабасас, Калифорнија, дом во Белгија, и домот во Чикаго во кој пораснал.

Па добро е барем и двајцата имаат да бираат каде да патат после разводот, иако Ким очигледно нема што да облече.

 

  • Deni напиша:

    kurvistevo e ufilmano, misli carica e, abe kurva e, orospija, kako rece Bon Jovi, ako treba da napise kniga, sto ke kaze, deka e poznata zasto se ebela i snimila porno…i ovaa ti e faktor vo svetot, pretendirase da bide prva lejdi…alooo do kade e asteroidot

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *