X

Страшно невреме го погоди Парагвај: Град со големина на тениски топки кршеше автомобили

Силно грмежливо невреме го погоди главниот град на Парагвај, Асунсион, и околните градови, проследено со исклучително крупен град со големина на тениски топки.

Градот предизвика голема материјална штета, кршејќи шофершајбни и оштетувајќи бројни автомобили. Обилниот дожд предизвика поплавени улици, а силниот ветер дополнително ги отежна условите.

Поради невремето биле оштетени 58 далноводи и електрични водови, поради што повеќе населени места останале без електрична енергија. Според парагвајските метеоролошки служби, биле регистрирани налети на ветер со брзина над 100 километри на час, проследени со пороен дожд и силен град.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *