Страв од „Сејф Сити“ – Брза помош заглавена на раскрсницата кај „Мавровка“

Многу луѓе кои се имаат тргнато вака на Брза Помош после се влечат по судови за да се тргне казната и тоа дали воопшто ќе успее. А казните не се мали, за вакви прекршоци се 500 евра (250 ако ја платиш за 8 дена) и дури и во некои случаи одземање возачка. Самата казна не можат да си ја дозволат граѓаните, а да не зборуваме и за одземање на возачката. Па камери се поставија, ама законите имаат многу пропусти кои нормално граѓаните ги плаќаат.