„Sugar daddy“ и филери од 1.000 фунти во усните се рецептот за среќа на 22-годишната Шанел. Се гледа по фацата дека е навистина ИСПОЛНЕТА!

Шанел Шалакомб (22) од Кент, која потрошила повеќе од 1.000 фунти на полнење за усни вели дека никогаш не се чувствувала посигурна – тврдејќи дека нејзиниот шеќерен татичко (sugar daddy) често ја плаќа сметката.

Таа почнала да става филер за усни кога имала 20 години – и уште од првата инјекција станала зависна. Сега студентката по психологија ги дополнува усните околу три пати годишно, а секој пат ѝ се вбризгува до 2 ml во лицето.

 

22-годишната девојка, која сака да ја зголеми самодовербата со козметичките инјекции, исто така откри дека вбризгувала филер и во брадата.

Таа рече дека може да плати до 299 фунти за едно полнење – што е повеќе отколку што некои луѓе плаќаат за кирија.  Значи не е дека таа не може да си плати, немојте да помислите такво нешто, ама сепак „пораат“ е зашто нејзиниот спонзор ги подмирува сметките.

 

Откако била малтретирана во училиште, Шанел рече дека отсекогаш се борела со својата самодоверба – но филерот ѝ вратил дел од нејзината самодоверба. И покрај тоа што добива многу негативни коментари за нејзините огромни усни на интернет, таа рече дека „хејтерите“ повеќе не ѝ пречат.

„Добивам омраза на ТикТок. Порано одговарав на негативните коментари, но веќе ги надминав и не допираат до мене“, објасни таа.

Поранешното момче не бил голем обожавател на филерите па морала да му раскине

„Мислам дека почнав да ставам филери како механизам за справување. Моето момче не беше голем обожавател на тоа и кога почнав да ставам се повеќе и повеќе раскинавме“, изјави Шанел.

По разделбата почнала се повеќе да ги полни усните. Но добро сепак се добро се завршило за Шанел, дошол на повидок некој што повеќе ја поддржува во ставањето филери, па дури и финансиски.

Бидејќи е објавен нов закон каде што може да се ставаат филери и да се прават таков тип на операции само со рецепт. Сега кутрата Шанел е принудена да отпатува во Турција да ги среди градите, бидејќи нејзиниот општ лекар не сака да ѝ даде рецепт затоа што претерала. Но добро се ќе биде во ред, барем ќе прошетаат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *