Суровоста зад циркуските спектакли: Мечката Јашка реши дека му е доста и сурово го нападна својот дресер на сред настап пред многу публика

Можеби беа силните светла што го осветлуваа циркускиот шатор, можеби беше острата музика што му продираше во ушите или пак, наједноставно, тоа беше моментот на внатрешно осознавање за 300-килограмската мечка Јашка.

Во еден миг, рускиот мечок од туркање количка како дел од претставата „Кривоногиот и количката“ преминал во брутален напад, гризејќи ја раката на својот дресер Руслан Солодјук од патувачкиот театар „Аншлаг“ од Воронеж. Публиката испуштала пискотници додека друг циркуски работник почнал да го удира мечокот одзади, но Јашка не попуштал. Неговата лутина продолжила, забивајќи ги забите и канџите во Солодјук, додека публиката во паника бегала кон излезот.

 

 

Гледачите биле ужаснати од нападот. Галина Гуриева, 27-годишна мајка која го снимила инцидентот во градот Олонец, изјавила: „Колената сè уште ми се тресат. Бев шокирана што немаше никаква заштитна ограда, со оглед на големината на мечката“.

Еден сведок објави: „На почетокот, додека снимавме, мислевме дека сето тоа е дел од претставата. Но, кога асистентот почна да ја удира мечката и извади електрошокер, настана хаос“.

Иако Јашка бил удрен со електрошок, сè уште се движел бесно низ арената, дополнително застрашувајќи ја публиката.

Неговиот дресер Солодјук изјави дека мечката била на својата последна турнеја и не се чувствувала добро. Според него, Јашка никогаш не бил агресивен, но староста и болките во зглобовите, влошени од зимското време, придонеле за нападот.

 

 

Менаџерката на циркусот, Људмила Мисник, ја префрли вината врз гледачите, тврдејќи дека мечката била испровоцирана од фотографите кои не ги исклучиле блицевите на своите телефони, и покрај предупредувањата.

Иако мечката е национален симбол на Русија, овие животни долго време се користат во циркуските претстави, каде што се држени во синџири и присилени да изведуваат трикови пред публика.

Во 2018 година, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дури и се пофали дека Владимир Путин е толку „моќен“ што мечките сами се повлекуваат кога ќе го здогледаат. „Мечките не се глупави. Ако го видат Путин, ќе се однесуваат како што треба“, изјави тој.

Но, Јашка, во својот последен чин, сепак ја покажа суровата реалност зад циркуските спектакли.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • kurton prerodba nadgradena напиша:

    daj boze eden den vakva meca da go izede Grujo Kopileto

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *