Св. Петар и Господ се договориле да примаат само луѓе кои починале на необичен начин (виц)

Свети Петар и Господ се договориле отсега во рајот да примаат само луѓе кои починале на некој спектакуларен начин.

По некое време, некој тропнал на небесната врата.

Свети Петар му рекол:

– Примаме само необични случаи!

Покојникот почнал:

– Слушни ја мојата приказна! Отсекогаш мислев дека жена ми ме изневерува. Еден ден се вратив од работа три часа порано, истрчав како луд по сите 11 ката до станот, ја отворив вратата и почнав да пребарувам насекаде. Излегов на терасата и гледам некој гол маж виси од надворешната страна и се држи за оградата! Зедов чекан и со сета сила го удрив по прстите. Кретенот падна, ама право во некоја мека грмушка и преживеа! Се вратив во кујната, го зедов фрижидерот и го фрлив преку терасата. Полн погодок! Конечно го средив, ама од целата возбуда мене ме удри инфаркт и еве ме кај тебе.

– Добро – рекол Свети Петар. – Можеш да влезеш.

Набргу повторно се слушнало тропање на небесната врата.

– Примаме само необични случаи! – рекол Свети Петар.

– Нема проблем – рекол покојникот. – Како и секое утро, си вежбав гол на терасата. Се сопнав од една саксија и паднав преку оградата, ама во последен момент успеав да се фатам за оградата на терасата од станот под мене. Си помислив: „Боже, каква среќа, сепак ќе преживеам!“ И тогаш дојде некој идиот и почна со чекан да ме удира по прстите! Паднав, ама право во мека грмушка. Си велам: „Леле, и вторпат ја избегнав смртта!“ Погледнав нагоре и во тој момент ме погоди еден проклет фрижидер!

– Добро, можеш да влезеш во рајот.

Тогаш повторно некој затропал на небесната врата.

– Примаме само необични случаи! – рекол Свети Петар.

– Нема проблем – рекол покојникот. – Си седам јас така еден ден, гол, во фрижидер…

– Доволно! Влегувај!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *