Светот полуде за оваа актерка од Кореја

Чон Хо-Јон глумеше сиромашна девојка во најпопуларата серија на Нетфликс Сквид Гејм, а сега заработува милиони.

27-годишната актерка и модел беше преплавена со профитабилни зделки од глобални модни брендови кои сакаат да ја искористат нејзината светска слава и милиони следбеници на социјалните мрежи.

Луксузната модна куќа Луј Витон ја направи ѕвездата родена во Сеул лице на својата најнова колекција со промоција на облека, накит и часовници на француската компанија.

Спортскиот гигант Адидас и италијанската модна куќа Фенди исто така потпишаа договори со Чон, кој во моментов е еден од најбараните модели во светот по светската премиера на Squid Game минатиот месец.

Дизајнерите, исто така, беа импресионирани од нејзината популарност на социјалните мрежи, истакнувајќи дека таа собра неверојатни 17 милиони следбеници на Инстаграм за една недела, што ја прави најпопуларната актерка во Кореја.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.