„Свиркач“ ја оспорува изјавата на Белата куќа дека дроновите во Њу Џерси биле одобрени од Федералната управа за авијација: „Активноста не беше одобрена. Знам од прва рака“
НЛО свиркач тврди дека изјавата на Белата куќа, според која дроновите што летале над Њу Џерси биле одобрени од Федералната управа за авијација (ФАА), не е точна.
На првиот прес-брифинг од неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп изјави дека дроновите биле авторизирани од ФАА за истражувачки и други цели.
Прес-секретарката Каролин Левит во средата рече: „По детално истражување, беше утврдено дека дроновите што во голем број летале над Њу Џерси биле одобрени од ФАА. Оваа информација доаѓа директно од претседателот на САД“.
Но, Џејк Барбер, ветеран на американското воено воздухопловство и „свиркач“ за НЛО активности, тврди дека претседателот нема добиено целосни информации и дека лично бил вклучен во операцијата.
Воена мисија што открила „нечовечки“ објекти
Барбер неодамна стана познат по откривањето на детали од наводна тајна програма за пронаоѓање и истражување на неидентификувани летечки објекти (UAP retrieval program).
Тој тврди дека додека летал со воен хеликоптер, дошол на околу 45 метри оддалеченост од „јајцевиден“ летечки објект за кој верува дека бил вонземски. Дури и објави видео од настанот за News Nation.
Сега Барбер ги коментира тврдењата на Белата куќа за одобрувањето на дроновите во Њу Џерси.
Во дискусија на X (поранешен Twitter), корисник го праша: „Имаш ли коментар за денешната изјава на Белата куќа дека дроновите што доведоа до затворање на неколку американски воени бази во последните месеци биле ‘одобрени од ФАА’?“
Барбер одговори: „Активноста таму не беше одобрена од ФАА. Знам од прва рака. Бев назначен специјално да ја испитам оваа ситуација од аспект на прекршување на ФАА регулативите и да ги доставам наодите до ФБИ. Некој не му ја кажува целата вистина на нашиот нов претседател“.
Барбер, кој служел во војската, подоцна станал независен контрактор (надворешен соработник), а токму тогаш, како што вели, започнале неговите средби со „нешто што не е од Земјата“.
Како хеликоптерски пилот, бил дел од тим што имал задача да пронаоѓа и враќа урнати летала од тајна тест-полигона во пустината.
„Голем дел од работата ја правевме во област што ја нарекуваме ‘опсег’ – место каде што владата и приватните компании тестираа различни технологии, оружја и нивната отпорност на напади. Таму видовме многу интересни нешта,“ вели Барбер.
Тој тврди дека неговата екипа пронашла објекти што биле „егзотични по природа“ и „нечовечки“.
Мистериозниот „осумаголник“
Освен средбата со јајцевидниот објект, Барбер спомена и уште еден неидентификуван летачки објект што го нарекол „осумаголник“ (eightgon).
„Осумаголникот, всушност, беше летечки диск со осум јасно видливи сегменти ако се гледа одозгора. Можам да ти кажам како изгледаше од горе, затоа што јас сум хеликоптерски пилот, а најчесто го гледав токму од таа перспектива. Работевме на враќање на осумаголниците. Имаше повеќе од еден што се урна за време на таа операција“.
Барбер е убеден дека постои живот надвор од Земјата.
Во неодамнешен пост на X, тој напиша: „Не сме сами. Небото не може да биде класифицирано, а нашата свест не може да биде цензурирана. Ве повикувам сите да гледате нагоре и да гледате внатре во себе. Потребни сте ни. Новата ера е пред нас. Ајде да тргнеме!“
Рекла + казала = Заматено видео со јајце! Едноставна равенка.
Тоа е исто како кај нас да се појави некој дедо (свиркач) и да каже како 1968 додека бил во ЈНА на стража, видел НЛО како слетал во близина на стражарското место, а од него излегле 4 нечовечки ентитети… Бла, бла, бла…
Коментирај анонимно