Свршеницата на Букајо Сака, Толами Бенсон, ги украде погледите на премиерата на неговиот нов документарец
Сопругата на Букајо Сака, Толами Бенсон, целосно ја засени премиерата на филмот на својот свршеник „Bukayo Saka: The Time Is Now“ во Њујорк со својот провокативен изглед и софистициран став. Арсенал ѕвездата Сака, кој пред неколку недели успеа конечно да ја освои Премиер лигата со „Топџиите“, беше само придружба на Толами, која ги остави сите без здив додека гордо чекореше по црвениот тепих.

Содржина:
- Толами Бенсон во кожен аутфит го привлече целото внимание на јавноста и ги засени сите
- Од тајна љубов до ангажман на кров во Њујорк: Љубовната приказна на Сака и Толами
- Толами Бенсон може да заработи до 500.000 фунти преку бренд соработки благодарение на успехот и славата на Сака
- Толами како новата PR икона: Младата генерација гледа идоли во совршено брендираните парови
- Брендовите ја гледаат Толами како клучна фигура во медиумскиот екосистем на Сака
Толами Бенсон во кожен аутфит го привлече целото внимание на јавноста и ги засени сите
Иако Сака беше во центарот на вниманието поради својата нова документарна приказна, сите погледи беа свртени кон неговата свршеница. Толами изненади во целосно црн кожен аутфит со длабоко деколте, со што ја истакна својата фигура, додека Букајо исто така избра кожа, нежно обвиткувајќи ја со рака околу нејзината половина.
Од тајна љубов до ангажман на кров во Њујорк: Љубовната приказна на Сака и Толами
Двојката ја чуваше својата љубовна врска во тајност се до 2022 година кога првпат ја објавија. Се зборува дека се заедно од 2020 година, а се верија на приватна церемонија на кров во 2025 година. Вистинска бајка која допрва ќе се развива пред очите на јавноста.

Толами Бенсон може да заработи до 500.000 фунти преку бренд соработки благодарение на успехот и славата на Сака
Според експертот за фудбалски финансии Роб Вилсон, доколку Сака има успешен настап на Светското првенство, Толами би можела да заработи дури до 500.000 фунти годишно благодарение на својата уникатна позиција и влијание. „Толами е веќе мошне интересна, не делува како личност што брка слава, а тоа и дава природна вертикала за развој на личен бренд, било преку мода, убавина, патувања или дури свадбени содржини, ако се венчаат“, вели Вилсон.

Толами како новата PR икона: Младата генерација гледа идоли во совршено брендираните парови
„Ако Сака одигра фантастичен Мундијал, рефлекторите природно ќе се насочат кон неа, а со оглед дека веќе разбира медиуми и бизнис со брендови, во најдобра е позиција да го претвори тоа внимание во сопствена платформа. Сведоци сме како паровите, какви што се Тејлор Свифт и Тревис Келсе, станаа вистински генератори на приходи“, вели Вилсон. Преку Инстаграм објави би можела да заработува по 10.000 фунти за кратко време, а оваа вредност би пораснала со секоја нова соработка.

Брендовите ја гледаат Толами како клучна фигура во медиумскиот екосистем на Сака
„Таа со себе носи природно разбирање за PR и медиуми, привлекува внимание и интерес за свадбата, има одлична врска со младата публика и комплетна јавна слика. Брендовите ја гледаат екосферата околу спортистот, а не само него самиот. Ако Сака биде меѓу најдобрите двајца или тројца англиски фудбалери, тогаш и неговите приходи надвор од теренот ќе се движат меѓу 8 и 10 милиони фунти“, проценува Вилсон.


Коментирај анонимно