Таа има 27, а јас 69, но не е точно дека е со мене заради парите
Брачна двојка ја бранеше својата врска и нивната разлика во годините која изнесува 42 години, откако следбениците на социјалните мрежи ја нападнаа 27-годишната девојка дека едноставно ги сака парите на нејзиниот 69-годишен сопруг.
Џеки, која е родена на Филипините, и Дејв, се запознале на интернет-страница за запознавање во 2016 година кога Дејв – кој живее во САД – бил во посета на Себу.

Дејв го направил првиот потег прашувајќи ја својата идна сопруга дали сака да пие кафе со него, на што таа се согласила. Тие се во брак повеќе од три години.
„Јас и Џеки првпат се запознавме преку интернет страницата наречена „Cherryblossoms“. Бев во Себу на Филипините во времето кога ја користев таа веб-страница и го забележав профилот на Џеки“, вели Дејв во неодамнешно видео на „TikTok“ што тие го споделија.

И испратив порака и реков дека ми се допаѓа нејзиниот профил и дека сум заинтересиран да ја запознаам.
„Му го дадов мојот телефонски број и следниот ден се сретнавме во „Старбакс“ и тој ми даде чоколадно колаче. Потоа отидовме на ручек и така започна се“- вели Џеки.
„Тогаш Џеки беше малку срамежлива и беше уморна после работа, така што на тој состанок за ручек го водев 95 отсто од зборувањето“, додава Дејв.
„Тоа беше почеток на прекрасна врска која сè уште е силна“.

Двојката редовно се соочува со остри критики за нивната значителна разлика во возраста, а некои ја нарекуваат Џеки „копач на злато“ и дека е со Дејв само за парите.
Но, тоа не ги повредува љубовниците кои во друго видео велат: „Значи, постои разлика во возраста од 42 години. Таа има 27, а јас 69 и за нас тоа не прави многу разлика“.
Нивните заеднички видеа им заработија 32.000 следбеници на „TikTok“, а сè, од нивните планинарења и танцувачките вештини е добро документирано. Тоа се случи откако уште една двојка со разлика во возраста се најде во центарот на вниманието минатата недела, откако призна дека често ги мешаат со татко и ќерка поради нивната разлика во возраста од 35 години.


Dobro,i nie so mojot pokoen suprug bevme 15 godini razlika,i den denes ke bevme zaedno i srećni da ne se razboleše no toa ni go uništi životot i srećata,pa so sreća i bidete srećni do krajot na životot
Abe ne e se do sekso ima neso i u parite
Коментирај анонимно