„Таа треба да ослабе“ – Маќеата на удар откако одбила да купи торта за роденденот на шестгодишно девојче

Маќеа е на удар на критики затоа што одбила на нејзината шестгодишна поќерка да ѝ купи торта на нејзиниот роденден бидејќи е „нездрава“.

Лара (34) ја објави својата ситуација на платформата Редит, и се прашуваше дали не е во право што се обидела да ја натера својата поќерка, Гвен, да направи „подобри избори“ кога станува збор за храната. Таа тврди дека биолошката мајка на девојчето – и примарен старател – не поставува никакви граници за спречување на брза храна.

 

Жената инсистирала Гвен да јаде „сладолед со малку маснотии“ наместо роденденска торта за да се бори со сето „ѓубре“ што го јаде во куќата на нејзината мајка.

„Тажна сум за ова дете и нејзиното здравје, па се обидувам да ја научам Гвен за здрава исхрана и движење наоколу за време на викендите со неа“, рече таа.

Гвен го поминува секој втор викенд со маќеата, таткото и двајцата полубраќа. „Ние сме здраво домаќинство и учиме умереност и контролирање колку земаме кога јадеме“, напиша Лара на Редит.

„Сепак, Гвен е тука само два викенда месечно, а нејзината мајка има сосема спротивен став. Искрено, крвната група на таа жена е веројатно кечап. Слично на тоа, Гвен е околу 9 килограми потешка отколку што се претпоставува дека е шестгодишно девојче.

Лара тврди дека прави разлика помеѓу храна која е здрава и онаа што треба да се избегнува. „Ги прашувам моите деца дали сакаат да направат поздрав избор секогаш кога ќе ги видам како посегнуваат по слатко задоволство“.

Маќеата исто така додаде дека Гвен станува „подобра“ и дека почнала да бара поздрава храна како овошје.

Шестиот роденден на Гвен се паднал во саботата што ја поминала во куќата на нејзиниот татко, но на девојчето ѝ била ускратена една од основните радости во оваа прилика.

„Разговаравме за тоа каква торта да јадеме кога ја прашав Гвен за поздравиот избор. Моето размислување беше дека таа го добива сето тоа ѓубре дома, а тоа едноставно не е добро за девојче кое расте“, рече Лара.

 

Семејството се решило на компромис за сладолед со малку маснотии, за детето сепак да може да јаде нешто слатко на нејзиниот роденден. Но, мајката на Гвен збеснала кога дознала за тоа.

„Таа рече дека Гвен почнала да плаче затоа што навистина сакала торта, но не сакала да направи „лош избор“ – исто така ме обвини дека ја посрамотив нејзината ќерка и рече дека ѝ должам на Гвен торта и големо извинување. Никогаш не реков дека не може да има торта – таа требаше да ни каже дека сака“.

Илјадници беа на сличен начин збунети од техниките за родителство на маќеата.

„Таа има 5 години. Дајте му на детето проклета торта на нејзиниот роденден и потоа одете на семејна прошетка. Исто така, разговорот за добар/лош избор е само да ѝ направи проблеми со имиџот на телото до крајот на нејзиниот живот“:

„Срцето ми се кине за ова мало девојче. Таа има еден дом кој наводно не ограничува ништо, и друг дом кој претерано ограничува се“.

„Ова прашање „дали би сакале да направите поздрав избор“, носи толку многу срам што ме прави да се чувствувам ужасно за детето“.

„Доколку мислите дека родителот не прави одлични диететски избори за своето семејство, зборувајте со него, а не со детето“.

Па што мислите вие кој е во право?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *