Таинствена триаголна кула откриена во Областа 51 на Google Maps – дали е „вонземска технологија“?

Светот е полн со необјасниви појави – од „НЛО диск“ во Њу Мексико до „врата“ на Антарктикот. Сега, нова мистерија ја разбранува јавноста: триаголна кула во Областа 51, лоцирана околу 130 километри северозападно од Лас Вегас, се појави на Google Maps и предизвика лавина шпекулации. Структурата изгледа како нешто извадено од научна фантастика, а на социјалните мрежи ја споредуваат со облакодер, вентилациска цевка, па дури и со прочистувач на воздух од Dyson.

Бидејќи се наоѓа токму во срцето на Областа 51 – тајна база на американското воено воздухопловство често поврзувана со вонземјани – не е чудно што веднаш се појавија теории на заговор.

 

Таинствена триаголна кула откриена во Областа 51 на Google Maps – дали е „вонземска технологија“?

Од шеги до параноја: Реакциите на интернет

Фотографијата од кулата се појави на Reddit, каде еден корисник саркастично рече: „Таму вонземјаните ги тестираат своите разни бели прашоци“. Друг пак напиша: „Очигледно е вонземска технологија. Ќе излезе на површина кога Земјата ќе заврши“. Имаше и креативни споредби: „Тоа е новата верзија на Џенга“, „Тоа е моето далечинско за Samsung телевизорот“, па дури и „Toblerone трговски центар“.

Некој коментираше: „Вонземјаните сакаат да ни помогнат, ама не сакаат да работат во квадратни згради. Им треба висока триаголна зграда“. Други пак ја споредија со моќен климатизер што ја „лекува глобалната загреаност“. Некои забележаа сличност со мистериозниот монолит од филмот „2001: Одисеја во вселената“ на Стенли Кјубрик.

 

Од шеги до параноја: Реакциите на интернет

Што всушност е триаголната кула?

Ако на Google Maps ги внесете координатите 37.24624° N, 115.82334° W, ќе ја најдете кулата веднаш до комплекс од згради, возила и писти познат како Homey Airport или Groom Lake. Кулата фрла впечатлива сенка во пустинското сонце, а околу неа има долга земјена патека во форма на јамка – што еден корисник саркастично ја нарече „прецизен сончев часовник“.

Но вистината е многу поприземна: кулата се користи за тестирање на радарска рефлексивност (RCS – radar cross-section). Таму се монтираат авиони или нивни прототипи за да се мери колку се видливи на радар. Еден корисник објасни дека сенката и позицијата точно одговараат на познатата структура што служи за вакви тестирања.

Се верува дека е изградена пред околу 20 години, а американската влада првпат го призна нејзиното постоење дури во 2013 година. Но, додека владата продолжува со тајноста околу воените објекти, ваквите теории – и шеги – веројатно нема да престанат.

Што всушност е триаголната кула?

Слични случаи: Њу Мексико и Антарктикот

Оваа појава доаѓа откако слична структура во планинскиот регион на Њу Мексико ја заинтригира интернет заедницата. Голем бел диск бил забележан на висина од 2.250 метри, на координати 34°24’21.6″N 107°05’44.5″W. Подоцна е откриено дека станува збор за конструкција за собирање дождовница, која веќе е демонтирана.

Во меѓувреме, „врата“ забележана во Антарктикот, близу јапонската база Showa Station, исто така ги разбуди теориите – некој дури се пошегува дека тоа е „викендичка на бигфут“.

Очигледно е: кога има мистерија, интернетот е секогаш подготвен со објаснувања.

 

Слични случаи: Њу Мексико и Антарктикот

  • Васе напиша:

    Можни теории на заговор:
    1) Можеби е ВЦ?
    2) Од оделот за контрашпионажа при Областа 51 од време на време ќе доградат нешто, чисто да ги збунат овие што гледаат со Гугл Мапс или русите чии набљудувачки сателити прелетуваат?
    3) Разно.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *