Тајни трикови што луѓето не сакаа да ги споделат со јавноста (но, сепак ги споделија)

Секој има своја „тајна состојка“ што го прави уникатен – било да е тоа семеен рецепт, работен трик или техника за шармирање. На неодамнешна објава на социјалните мрежи, повеќе од 3500 луѓе споделија животни трикови што се „толку добри“ што речиси не сакале да ги откријат. Еве ги најинтересните:

„Нека стои таму!“ – Кога барате нешто и не е во првото место каде што сте погледнале, штом го најдете, ставете го токму таму каде што прво сте барале.

Паметно аргументирање – Наместо да се фокусирате на позициите во расправија, прашајте зошто другата страна го сака тоа што го сака. Ова води до подобри компромиси.

Како да смирите „тешки“ луѓе – Љубезен комплимент или позитивен коментар како „Сите овде се толку љубезни!“ често ги разоружува намќорите и ги поттикнува да бидат попријатни.

 

Тајни трикови што луѓето не сакаа да ги споделат со јавноста (но, сепак ги споделија)

Научете да се насмевнувате…

Идентични чорапи – Купете повеќе пара исти чорапи. Така нема да мора да барате пар, а оштетените само фрлете ги.

Три хобија за среќен живот – Имајте едно креативно, едно физичко и едно социјално хоби. Ова создава баланс во секојдневието.

Научете да се насмевнувате – Дури и кога не е сосема искрена, насмевката ги прави луѓето попријатни кон вас, ви помага во кариерата и во социјалниот живот.

Тест со тоалетот – Ако тоалетот во ресторанот е валкан, големи се шансите дека истото важи и за кујната.

Станувајте порано – Дури и ако немате планови, будењето рано ви дава повеќе време во денот.

Како да бидете посакувано друштво – Поставете прашање, следете со дополнително прашање, а потоа позитивно коментирајте на одговорот. Ова поттикнува луѓето да ве сакаат повеќе.

 

Научете да се насмевнувате...

Совладајте ја непријатноста

Замислете го идеалниот живот – Разложете го на мали, остварливи цели и фокусирајте се на чекор по чекор напредок.

Поставете цел за секој разговор – Пред тешка дискусија, одлучете како сакате да заврши разговорот и насочете го кон тој исход.

Скапоцености во продавници за половни работи – Продавачите што работат таму не секогаш знаат да препознаат вистински златен накит, што може да биде одлична можност за добра зделка.

Печете сланина во рерна – Користете хартија за печење за чист и лесен процес.

Како да започнете разговор – Прашајте „Што направи денес?“ Ова често отвора простор за искрен и интересен муабет.

Совладување на непријатноста – Останете на дожд и научете да го игнорирате инстинктот да избегате. Ова може да помогне во надминување на стрес и анксиозност.

Едноставно инвестирање – Депонирајте дел од секоја плата во S&P 500 индексен фонд за сигурна и долгорочна заработка.

Запомнете ги имињата – Кога зборувате со некој од корисничка поддршка, осврнете се на нив по име. Ова ги прави посклонети да ви помогнат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *