Тајните на долговечноста: Дали овие суплементи можат да го запрат стареењето?
Експертот за долговечност, д-р Мајкл Азиз, во својата книга „The Ageless Revolution“ тврди дека одредени додатоци во исхраната можат да го успорат стареењето и да ја подобрат долговечноста. Тој ги наведува „Сините зони“ – региони во светот каде што луѓето често живеат над 100 години – како примери за здрав животен стил.
Д-р Азиз нагласува дека правилната исхрана, намалениот стрес и активниот начин на живот се клучни фактори, но додава дека одредени додатоци можат да послужат како „осигурување“ за пополнување на недостатоците. Тој наведува 23 супстанци што би можеле да го продолжат здравиот животен век, вклучувајќи антиоксиданси и соединенија што поддржуваат клеточно здравје.
Меѓу најпрепорачаните додатоци се:
Фисетин
Помага во елиминација на „зомби клетки“, кои придонесуваат за воспаленија и стареење. Се наоѓа во јаболката и јагодите, но во недоволни количини, па суплементирањето (500mg дневно) може да биде корисно.
Птеростилбен
Активира ензими што го поправаат ДНК и поддржуваат мозочна функција. Природно се наоѓа во боровинките, но суплементирањето (150мг. дневно) може да биде поефикасно.
Спермидин
Поддржува автофагија, процес што ги рециклира оштетените клетки. Го има во житарките, сирењето и мешунките, но се препорачува 1-2мг. дневно како додаток.
Селен
Го заштитува ДНК и ги одржува теломерите подолго. Препорачан внес: 40-70mcg дневно.
Плазмалогени
Поддржуваат здрави клеточни мембрани и може да имаат позитивен ефект врз Алцхајмерова болест (0.5-1mg дневно).
Калциум алфа-кетоглутарат
Активира гени што го враќаат биолошкиот часовник (1-2g дневно).
Берберин и дихидроберберин
Регулираат шеќер во крвта и намалуваат воспаленија (150mg двапати дневно).
Метиленско сино
Го подобрува функционирањето на митохондриите и може да поддржи когнитивно здравје. Потребна е консултација со лекар поради можни несакани ефекти.
Натокиназа
Помага во разградување на наслаги во артериите и намалување на ризикот од мозочен удар (300mg дневно).
Астаксантин
Моќен антиоксиданс што може да го продолжи животниот век (4-12mg дневно).
Коментирај анонимно