Таткото сакаше да се покаже колкав домаќин е пред Интернетот, ама некако да не ја утна работата?

Воспитувањето бебе е прекрасно, но предизвикувачко искуство. Освен што го обезбедуваат малечкото, родителите се соочуваат и со постојана рамнотежа помеѓу грижата за бебето и домашните обврски. Затоа, многупати, прибегнуваат кон креативни решенија. Овој татко сакал да управува со сè сам, но неговите начини предизвикаа многу контроверзии на социјалните мрежи.

Протагонист на оваа приказна е Мартин Еспиноза кој често споделува видеа од своите две ќерки. Тој во оваа прилика покажа како го одржува чисто своето малечко бебе додека се грижи и за садовите.

Мартин направи видео објаснувајќи дека мајката на неговите ќерки не е дома, но тоа не е проблем за него: „Кога мама не е дома, но ти си искусен тато“. На видеото се гледа како бебето седи во кујнскиот мијалник како да е импровизирана када. Таа има дури и сунѓер со кој си игра за време на капењето.

Она што го привлече вниманието на корисниците не беше толку фактот дека го капе бебето во мијалник, туку тоа што таткото ја користеше истата вода за да ги плакне валканите садови што ги миеше. Се гледа како Мартин ги вади садовите од мијалникот и повторно ги плакне додека бебето продолжува да седи и да игра, па дури и ги става рацете во устата.

Некои интернет корисници го критикуваа таткото и го обвинија дека е неодговорен кон ќерката. „Мијалникот е едно од местата со најголемо количество бактерии“ или „Сиромашните деца кои се родени во неодговорни домови и нивните родители ги ризикуваат своите бебиња за едноставен лајк“. Други мислат дека тоа е одлична идеја: „Ох, срцето ми се топи кога ќе го видам бебето и колку е забавно што таткото може да прави две работи истовремено“, коментира една жена.

 

 

  • angel напиша:

    sve da i pokazete na dunjava duri i vasite dupcinja Abre nemojte ore mocnici

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на angel Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *